Организаторите го претставија прелиминарниот распоред на модната недела во Париз, со учество на 93 брендови. Тие ќе ги презентираат своите есенски колекции во дигитален настан, со оглед на мерките за ограничување на ширењето на коронавирусот, премесуваат медиумите.
Федерацијата не прецизираше во каков формат ќе биде секоја ревија или шоу, но ревиите за мажи и висока мода во јануари се емитуваа преку интернет, бидејќи јавните собири останаа забранети во Франција, каде што е во сила полициски час од 18 часот.
Меѓу најочекуваните колекции за годинашното издание е „Клое“ со Габриела Хирст. Таа ја претстави својата дебитантска колекција откако беше именувана за уметничка директорка на француската модна куќа и „Куреж“. Никола Ди Фелис исто така ќе ги открие своите први дизајни по приклучувањето на модната куќа во септември. Двете ревии ќе се одржат на 3 март.
Метју Вилијамс на 7 март ќе ја претстави својата прва колекција откако се приклучи на оваа модна куќа, а истиот ден својата колекција ќе ја открие и „Џил Сандлер“. Со свои креации на модните писти се враќаат „Стела Мекартни“, „Ланвин“ и „Ен Демелемистер“, како и Пол Смит, Вероник Лерој, Мезон Рабих Кајруз и Лекурт Менсион.
Неделата на модата во Париз за првпат ќе биде отворена со шоу на дипломирани студенти од модната школа на „Францускиот институт на модата“.