Во попладневните часови на 15 февруари во тетовската полиција бил пријавен инцидент кој се случил при извршување работни задачи во фирма во тетовско Боговиње.
Според пријавата, вработениот Ј.С. (33) од Боговиње се здобил со повреди од кои починал на самото место, додека С.И. (31), исто така вработен во фирмата, се здобил со тешки повреди, поради што итно бил пренесен во тетовската Клиничка болница.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за документирање на случајот.