Пандемијата ги запре масовните карневалски настани, кои традиционално се одржуваат секоја година во Германија.
Германскиот економски институт, со седиште во Келн, проценува дека откажувањето на карневалските свечености во 2021 година ќе ја чини националната економија околу 1,5 милијарда евра, а најголеми губитници ќе бидат рестораните, малопродажбата, хотелите и транспортниот сектор.
Според податоците од Федералниот завод за статистика во Германија, увозот на карневалска стока во периодот од јануари до ноември 2020 година изнесувал 71,3 милион евра, што според процените на Заводот е 23,2 % повеќе од претходната година.
Бројките, како што велат од Заводот, ги вклучуваат минатогодишните карневалски настани, кои, за разлика од ситуацијата денес, се одвиваа речиси нормално, со стотици илјади посетители и учесници на карневалот.
Според нивните статистики, во периодот додека не постоеше пандемијата на коронавирусот, надворешната трговија со стоки наменети за карневалот била во пораст.
Како што известуваат германските медиуми, карневалот беше запрен од пандемијата на коронавирусот, а мерките за затворање сè уште се во сила во целата земја оставајќи ги затворени локалите, а откажани се и многутете паради на карневалот.