Експлозијата во Каракас е обид на САД и нивни сојузници од регионот да го елиминираат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска претседателот на Боливија, Ево Моралес.
– Одлучно осудуваме уште еден насилен напад и кукавички обид за атентат врз братскиот народ на Боливија и Николас Мадуро. Тие експлозии се злосторство против хуманоста – напиша Моралес на својот Твитер.
Врз Мадуро беше извршен обид за атентат со дронови со експлозив за време на говор во Каракас.