Во Градскиот парк во Битола, кај споменикот на Рускиот крст, денеска беше одбележан
Денот на руската дипломатија. Настанот се одржа во организација на амбасадата на Руската федерација во Македонија и Почесниот конзулат во Битола, пред споменикот
„Руски крст“, кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен рускиот императорски конзул Александар Ростковски пред 118 години.
Согласно мерките и протоколите за заштита од ковид-19, цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава н.е. Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на почесниот конзулат во Битола, Славјанскиот универзитет, Лук Оил, Здружението за македонско-руско пријателство и други лица. М.М.