ТЕНИС – АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Изненадување на првиот ден од тенискиот гранслем-турнир Австралија опен, во Мелбурн, беше виден во женска конкуренција, каде што победничката на овој турнир во 2016 година, на САД опен и на Вимблдон во 2018 година, Анжелик Кербер (23-та носителка), беше елиминирана од 26-годишната Бернарда Пера, 64-та тенисерка во светот, со 0-6 и 4-6. Од позвучните имиња, Серена Вилијамс за помалку од еден час ја победи Лора Сигмунд со 6-1, 6-1, а Венус Вилијамс славеше над Кирстен Флипкенс со 7-5, 6-2.
На турнирот за мажи, актуелниот шампион на гранслемот Австралија опен и моментално најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој дури осум пати го освои победничкиот трофеј на турнирот во Мелбурн, за 95 минути игра го совлада Французинот Жереми Шарди (61. на АТП-листата), со 6-3, 6-1, 6-2. Доминик Тим и Александар Зверев се пласираа во второто коло, Тим го победи Михаил Кукушкин со 7-6, 6-2, 6-3, а Зверев го совлада Маркос Џирона со 6-7, 7-6, 6-3, 6-2.