Претседателот на Кривичен суд Иван Џолев рече дека лани биле решени над 44 илјади предмети, информирајќи за учинокот на Судот за минатата година, на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Тој посочи дека Кривичен ја почнал ланската година со 30.380 предмети од претходната година и со 43.980 ново-примени предмети, односно со вкупно 63.460 предмети. Он нив решени биле 44.040 предмети, а за завршување останале 19.4020. Според Џолев, има 3.013 предмети постари од две години, додека од постарите биле решени 2.009 предмети.