Јадејќи ги оревите и сувите кајсии жителите на долината Хунза доживеале длабока старост. Маслото од семка на кајсија, кое некогаш се користело за готвење, сѐ помалку е во употреба, а помладите жители сѐ повеќе се подложни на седење и на неактивност.
Овошје за долговечност
Локалниот доктор Кваџа Кан за британски „Индипендент“ изјавил: „Овие луѓе беа многу витални. Доколку би ги преживееле детските заболувања, би имале екстремно долг и продуктивен живот“.
Освен чистиот воздух и планинската клима, влијанието на кајсијата и маслото од нивната семка често се поврзувале со долгиот и квалитетен живот на жителите.
Здравствените предности на кајсијата се препознаени и на запад. Добри се против запек, различни кожни проблеми, болки во мускулите, болки во увото …
Ова дрво, кое дава вкусни жолти плодови, му припаѓа на семејството сливи и се одгледува во многу земји. Кајсиите одамна се користат како свежи така и сушени. Правилно сушените кајсии ги задржуваат сите свои корисни квалитети.
Кајсиите се со многу каротин. Овој плод исто така содржи целулоза, пектин, витамини Б1, Р, како и органски киселини, винска киселина, јаболкова киселина, лимонска киселина. Кајсиите се богати со калиум, скроб и со инулин, да не го пропуштиме и минералите – фосфор, магнезиум, јод и железо.
Кајсиите одамна се користат за лекување и за превенција на различни болести на бубрезите, како и главно за кардиоваскуларни болести. Прво, истражувачите тврдат дека кајсиите се корисни за срцето.
Тие го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и ја спречуваат појавата на кардиоваскуларни болести. Ова се должи најмногу на високата доза калиум, кој ќе го подобри здравјето на срцето и ќе го нормализира крвниот притисок. Покрај тоа, кајсиите придонесуваат за отстранување на штетните токсини од телото.
Овој плод се препорачува да им се дава и на деца, бидејќи тој го стимулира нивниот развој во секој аспект. Зошто е тоа така? Кајсијата ја зголемува активноста на мозокот и ја подобрува меморијата. И еве уште нешто корисно!
Се препорачува редовната консумација на овој плод од луѓето што страдаат од анемија, бидејќи кајсиите го зголемуваат нивото на хемоглобин во крвта. Сепак, ова овошје треба да се ограничи во исхраната на луѓето со болести на црниот дроб и на тироидната жлезда.
Не треба да се претерува со нив од луѓе што се дебели, што имаат гастритис, зголемена киселост, како и дијабетес. Во сите други случаи кајсиите носат само корист. Во прилог на сето погоре, кајсиите се корисни во случај на очни болести, како и за некои проблеми со кожата.
Во овој случај, ако недостигаат свежи кајсии, секогаш може да ги замените со сушени кајсии, кои можат да се чуваат подолго и полесно. Цената им е достапна. Тие се многу корисни за луѓето што вежбаат или се занимаваат со тешка физичка работа. Последните истражувања на овие плодови докажуваат дека тие помагаат при лоша циркулација, нарушувања на срцевиот ритам и се користат како превенција на инфаркт.
Здравствените придобивки од кајсијата:
– Тие се нискокалорични, но богати се со витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и со корисни природни шеќери.
– Содржат 10 пати повеќе магнезиум од другото овошје.
– Познатиот блискоисточен доктор Авицена (980-1037) пишувал за големата лековитост на ова овошје.
– Сокот од кајсија е добар извор на калциум и на железо и тоа е причината зошто им се препорачува на бремените жени и на малите деца. Природниот 100-отстотен сок (150милилитри) ги задоволува нашите дневни потреби за каротин.
– Сувите кајсии (100-150 грама на ден) им се препорачуваат на деца и на повозрасните луѓе како природен лек.
– Сувите кајсии се богати со калиум карбонат, кој е потребен за луѓето што патат од различни срцеви проблеми, особено аритмија.
– Подобрени функции на мозокот поради високата содржина на магнезиум и фосфор. Овие елементи можат да помогнат во нормализацијата на крвниот притисок.
– Позитивно влијаат на нашите очи. Кајсиите содржат добри количества од витаминот А па можат да го подобрат видот.
– Сокот може да ја намали киселоста во желудникот и да ги намали симптомите како што е надуеноста.
– Чајот од кајсија ги намалува болките поврзани со проблемите на систем за варење.
– Кајсијата е совршен диуретик. За максимален ефект се препорачуваат 70 до 80 грама сок од кајсија 6-7 пати дневно.