Бројот на новинари што работат во американските весници е намален за 45 проценти од 2008 година и нема индикации дека ќе забави таквиот тренд, покажуваат резултатите од најновото истражување на „Институтот Пју“.
Истражувањето е засновано на податоци објавени од американското министерство за труд. Во 2018 година во американските весници работеле 71.000 новинари, а во изминатите десет години била укинати 39.000 работни места на новинарите. За 27 проценти се намалени и новинарите што работат во радио. Во истиот период, според истражувањето, бројот на новинари вработени во телевизиите останал ист – 28.000. Зголемување на бројот на новинарите единствено е забележано во порталите од 7.000 на 13.000. Но во периодот од 2008 до 2017 година, вкупниот број на новинари во САД се намалил за 23 проценти.