Инаугурацијата на новоизбраниот aмерикански претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари, и иако се очекува да биде главно виртуелна, Бајден сепак се надева дека ќе биде изведена традиционално, на скалите на Капитол.
Не се планира да се одржи парада низ авенијата Пенсилванија во чест на идниот претседател и нема да има банкети или мали прослави со кои се најавуваат гостите од А-листата на инаугурацијата.
Наместо тоа, избраниот претседател соработува со организаторите на виртуелниот спектакл на демократската национална конвенција што се одржа во октомври.
Ваквата инаугурација е резултат на моменталната пандемија на коронавирус, бидејќи Бајден се одлучи за виртуелни настани за да спречи ширење на коронавирус.
Говорејќи за плановите за инаугурацијата, Бајден рече дека има многу виртуелни настани и дека дури и повеќе луѓе присуствуваат на нив отколку на вообичаените.
Како што рече на почетокот на месецот, луѓето сакаат да слават.
Бајден не покажа намера да организира голем собир подоцна кога пандемијата во земјата барем делумно ќе се стави под контрола и додаде дека инаугурацијата ја планира и тајната служба.
Бидејќи инаугурацијата се смета за посебен настан за националната безбедност, таа ќе се организира на највисоко можно безбедносно ниво во соработка со ФБИ и другите федерални разузнавачки агенции.
Додека избраниот претседател продолжи да ја планира својата инаугурација, некои извештаи велат дека Трамп планирал да го одржи својот спектакл во исто време, потенцијално започнувајќи „кампања пред кампањата“ за следните избори, во 2024 година.