Поранешната олимписка победничка во нордиско скијање Вибеке Скофтеруд(39) е пронајдена мртва на остров на југоистокот на Норвешка, објави полицијата.
Според првичните информации, таа загинала во несреќа со џет-ски. Нејзиното тело било пронајдено вчера на островот Света Хелена, каде што беше претходно пријавено нејзиното исчезнување.
Скофтеруд најголемиот успех го оствари на ЗОИ во Ванкувер, каде освои златен медал во штафетата 4х5 километри. Во Норвешка освои златен медал на Светските првенства во 2005 и 2011 година во истата дисциплина, а во 2015 година ја прекина спортската кариера заради повреди и болест.