Згрозени од вчерашните немири, а поттикнатти од обвинувања за нефер избори во САД, политичката партија Левица изразува загриженост за состојбата со демократијата и човековите права во северноамериканскиот регион.
– Снимките и сликите како демонстрантите насилно влегуваат во законодавниот дом, како и фактот дека има извештаи за престрелки со огнено оружје во него кои резултираа со човечки жртви, се показател дека локалните власти не се способни да го зачуваат мирот, просперитетот и демократијата во нивната земја – се вели во соопштението од Секторот за надворешна политика и безбедност на паратијата.
Левица апелира до Советот за безбедност при Обединетите Нации под итно да испратат мировни сили и да воспостават контрола врз ситуацијата, се до оној момент во кој меѓународната заедница ќе оцени дека има услови да се одржат фер и демократски избори за мирен трансфер на власта.