Ова навистина беше една од оние години за паметење, но 2000-та исто така беше и година што веројатно повеќето од нас би сакале што побрзо да ја заборават.
Пандемијата на ковид-19 целосно ги промени секојдневието и животот на милијарди луѓе на планетата, па затоа и многу аспекти од изминатите дванаесет месеци лесно се губат од меморијата. Земете ги, на пример, австралиските пожари. Во јануари, огромните пожари ја опустошија државата и уништија 15,9 милиони хектари зелена површина поради што беа главна вест во целиот свет. Освен ако не сте биле директно погодени од природната катастрофа, разбирливо е ако сте заборавиле дека тие воопшто и се случиле.
Ова беше година на смртоносна пандемија, во која низа други драматични настани добија споредна улога, како на пример убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и низата протести против расизмот и полициската бруталност во САД и во другите земји од светот, потоа пожарот во бегалскиот камп „Морија“ или можеби жестоката предизборна кампања и самиот финиш на трката за Белата куќа меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден. Колку и да сакаме што побрзо да ја заборавиме, 2020-та ќе остане забележана како година на неверојатни бројки.