Во пресрет на предновогодишните празници утрово, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче, на еден поинаков начин ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.
Точно во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата, новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали.
Министерот Филипче ги пречека подароците на терасата на Клиниката и им ги подели на децата.
Филипче кој традиционално присуствува на предновогодишниот настан за најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.