Списокот на новинари кои се акредитирале за присуство на годишната конференција за новинари на рускиот претседател Владимир Путин, содржи повеќе од двојно помалку имиња отколку минатата година, поради пандемијата на Ковид-19.
Списокот на акредитирани новинари за конференцијата, која ќе се одржи на 17 декември во 12 часот по московско време ( 10 часот по средноевропско време), е објавен на веб страницата на рускиот претседател.
Листата опфаќа 774 имиња на новинари, речиси два ипол пати помалку од минатата година, пренесе ТАСС.