Физиотерапевтите советуваат четири вежби за кои сметаат дека секој би требало да ги направи во својот дом. Тоа се вежби што ги зајакнуваат мускулите, чија сила е важна за целокупното здравје на луѓето.
Степап-вежба
Физиотерапевтот Мајкл Гилберт напоменува дека степап-вежбите се препорачуваат за зајакнување на долниот дел од телото. Тој истакнува дека тие се погодни за лицата со различна јачина и дека постои мал ризик од повреда при вежбање.
– Најдобрата работа во врска со оваа вежба е што ги зајакнува двете нозе, а со тоа и мускулите на двете нозе. Ако сте малку посилни, ќе ја подобрите рамнотежата. На овој начин ќе бидете помалку склони кон повреди и ќе имате помал ризик од паѓања – објаснува Гилберт.
Мост
Физиотерапевтката Мелиса Хаберфилд вели дека позитивните ефекти од вежбата мост се чувствуваат при трчање и скокање. Таа истакнува дека е корисна за оние што имаат болка во долниот дел на грбот, колената и колковите.
Подигнување на прстите
Ебони Рио од универзитетот „Ла Троб“ и Викторијанскиот институт за спорт вели дека кревањето на прсти позитивно влијае на стапалата и на Ахиловата тетива.
Седнување и станување на едната нога
Една од омилените вежби за физиотерапевтот Тристан Чаи е седнување и станување на едната нога. Според него, оваа вежба е добра за зајакнување на долните екстремитети. Тој вели дека ова често им го препорачува на тркачи затоа што им помага во контролирањето на колковите и колената, како и на постарите лица. Посочува дека оваа вежба е добредојдена за сите што сакаат да имаат поцврсти нозе, пишува „Гардијан“.