Полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но граѓаните мораат да бидат внимателни бидејќи собирите претставуваат голем ризик, истакна министерот за министерот за здравство, Венко Филипче, во денешното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител.
Министерот најави дека на следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти, како евентуална нова рестриктивна мерка за празниците.
– Мислам дека полицискиот час и карантинот нема да имаат ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост, како и на бројот на пациенти низ болниците, во однос на тоа што беше во првата половина на ноември. Но за работното време на места на коишто можат да се собираат луѓе, ќе се дискутира на состаноците –
рече Филипче во текот на гостувањето на телевизија Сител.