Спасувачите пронајдоа 28 беживотни тела откако синоќа се урна брана во провинцијата Атапу, југоисточен Лаос.
Стотици луѓе се водат како исчезнати.
Водата поплави шест села, а 6.000 луѓе останале без своите домови.
Луѓето поради надојдената вода се евакуираат со чамци.
Сė уште не е позната причината за уривање на браната.