Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев ги посети градовите Физули и Џебраил, над кои контролата ја презеде азербејџанската армија.
Овие градови се наоѓаат во близина на борбената зона во Карабах.
– Претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев и првата дама Мехрибан Алиева ги посетија регионите кои беа ослободени од окупација – соопшти претседателската прес-служба.
Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах.
Како што се наведува во изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, страните ќе разменуваат затвореници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж линијата на контакт и долж коридорот кој го поврзува Карабах со Ерменија.
Според Министерството за одбрана на Русија, рускиот мировен контингент во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах ќе вклучува 1.960 војници, 90 оклопни транспортери, 380 единици возила и специјална опрема.