На 14 ноември 1944 година почна со работа театарот во Битола, со изведбата на едночинката „Петтоимениот Ѓоре” од Владо Малески.
Основачи на Битолскиот театар биле Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, браќата Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, а за прв управник на театарот бил назначен Аки Павловски.
Годинава официјалната страница на НУ Народен театар-Битола осамна со соопштение во кое се нагласува дека таа национална установа не остана имуна на ковид-19, одложени се подготовките на театарски претстави, ниту пак се изведуваат претстави поради изолација на вработени во установата.
– Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од кога било, затоа што театарот без публика е бесмислен! Останете во добро здравје, и се гледаме наскоро, порачуваат од НУ Народен театар – Битола на денот кога се одбележуваат 76 години од основањето.