Европската комисија одобри купување до 300 милиони дози вакцина против ковид-19 од компаниите „Фајзер“ и „БиоЕнТек“.

Фармацевтските компании „Фајзер“ од САД и германски „БиоЕнТек“ во понеделникот објавија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречување на ковид-19, врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.