Раните резултати од третата фаза на тестирање на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ се ветувачки, но остануваат уште многу неодговорени прашања, пишува „Гардијан“.
„Фајзер“ и германската компанија „БиоНтек“ вчера објавија дека имаат ветувачки рани резултати во третата фаза од тестирањето на нивната вакцина. Со тестирањето се испитува колку вакцината ја спречува заразата со коронавиурс. Иако нема многу детали, веста е охрабрувачка. При 94-те случаи на коронавирус меѓу учесниците во испитувањето, откриено е дека вакцината била со преку 90-отстотна ефективност по седум дена од примената втора доза. Резултатите сугерираат дека се постигнува заштита 28 дена по вакцинацијата. Исто така не се забележани загрижувачки знаци во поглед на безбедноста.
Регулаторите претходно истакнаа дека ќе ја одобрат вакцината која има ефективност од најмалку 50 отсто, стандард кој вакцината на „Фајзер“ е на пат да го надмине.
Повеќето експерти се согласуваат дека ова се одлични вести, но покрај оптимизмот треба да има и одредена претрпазливост. Ова се првични резултатите објавени преку соопштение до медиумите, а тестирањата не се завршени.
Досега 38.955 луѓе примиле две дози одвакцината, а тимот кој работи на тестирањата планира дополнителна анализа на резултатите кога ќе има 164 потврдени случаи на ковид-19 меѓу учеснициите. Во план е и следењето на учесниците во период од две години по вакцинацијата, за да се испита долгорочната заштита на вакцината.
Остануваат уште многу прашања на кои се чека одговор, вклучувајќи го она колку долго би можела да трае заштитата, дали ги штити оние кои претходно заболеле од коронавирус и дали ја спречува заразата и пренесувањето или пак само ги ублажува симптомите.
Постојат и логистички предизвици, бидејќи вакцината треба да се складира на вакцината на 80 Целзиусови степени под нула, па дистрибуцијата би можела да донесе потешкотии.
„Фајзер“ планира да аплицира за итно одобрување од страна на Американската администрација за храна и лекови, што би можело да се случи најрано во втората половина на месецов, во согласност со испитувањата. Се очекува да бидат произведени 10 милиони дози до крајот на годинава. Потоа светот ќе се соочи и со прашањата кој прв ќе ја добие вакцината и како ќе се спроведува масовната имунизација.
Моментно има повеќе од 170 вакцини против ковид-19 во развој, од кои 11 се во третата фаза на тестирање, вклучувајќи ги оние на „Модерна“ и на „Оксфорд/АстраЗенека“.