ШАХ – за составување на ранг-листите на ФИДЕ
Поради недостигот од рангирани турнири поради пандемијата на ковид-19, според постојните регулативи, многу шахисти може да се означат како „неактивни“, па како такви, тие можат да бидат отстранети од списокот за рејтинг-листата. За дa се спречи ова,
Квалификациската комисија даде препорака за привремено продолжување на периодот потребен еден шахист да се смета за „неактивен“ од 12 на 24 месеци, што е одобрена од Советот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и веќе е применета на рејтинг-листата за ноември. Оваа измена ќе се смени откако ќе се надмине кризата со ковид-19.
– Од почетокот на пандемијата на ковид-19 е можно да се одржат намален број ФИДЕ-турнири. Како резултат на тоа, веројатно е дека многу играчи, кои под нормални услови би играле, сега ќе бидат означени како неактивни. Советот на ФИДЕ го разгледа овој проблем и донесе одлука дека од списокот во ноември 2020 година до последното известување, периодот наведен за неактивност, ќе се зголеми од 12 на 24 месеци – се вели во соопштението на ФИДЕ.