ЃОР­ЃИ КОЧОВ, ТРЕНЕР НА МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Ед­на ва­ри­јан­та е ко­шар­кар­ско­то пр­венс­тво да се од­ло­жи до фе­вру­а­ри в го­ди­на, а потоа да се оди­гра ре­гу­лар­на се­зо­на, ко­ја би за­вр­ши­ла до кра­јот на ју­ли, со на­деж де­ка до­то­гаш ќе стиг­нат вак­ци­ни. Вто­ра­та ва­ри­јан­та, пак, што за ме­не е по­не­ре­ал­на пред сѐ од фи­нан­си­ски ас­пект, е да се игра во „ба­ло­ни“. Но ако, пак, се ус­пее да се организира, тоа е нај­без­бед­на­та ва­ри­јан­та за си­те. На при­мер ли­га­та АБА 2 го­ди­на­ва ќе би­де ор­га­ни­зи­ра­на во „ба­лон“. Пр­ви­от е на Зла­ти­бор на 9 но­ем­ври, ка­де што и ние игра­ме. Из­ле­зот го гле­дам и во че­сто­то те­сти­ра­ње на игра­чи­те, кое тре­ба да се пра­ви се­кои пет де­на. Са­мо та­ка мо­же ра­но да се откри­ва­ат по­зи­тив­ни­те. Но за да се ос­тва­ри ова, те­сто­ви­те мо­ра да би­дат по­е­вти­ни, ве­ли тре­не­рот на МЗТ Скоп­је, Ѓор­ѓи Ко­чов.
 
Си­ту­а­ци­ја­та не ја од­ми­ну­ва ни­ту ре­пре­зен­та­ци­ја­та, ве­ли Ко­чов.
 
– Овие ка­ран­ти­ни во го­ле­ма ме­ра не­га­тив­но се одра­зу­ва­ат врз пси­хо­ло­шко­то здрав­је на игра­чи­те. За­мис­ле­те, што ако по 14 де­на ка­ран­тин, по­втор­но по 3-4 де­на се за­ми­не во нов ка­ран­тин по­ра­ди не­кој друг по­зи­ти­вен играч. За таа еки­па се­зо­на­та е за­вр­ше­на, а фор­ма­та на игра­чи­те и под­го­то­вки­те што ги по­ми­на­ле се из­гу­бе­ни. Проб­ле­мот се одра­зу­ва не­га­тив­но и на ре­пре­зен­та­ти­вен план, оти освен Вој­дан Сто­ја­нов­ски, Сто­јан Ѓу­ров­ски и Не­над Ди­ми­три­је­виќ, ни­кој не игра, а нѐ че­ка­ат но­ем­ври­ски­те ква­ли­фи­ка­ции во Есто­ни­ја. За­тоа мо­ра си­те за­ед­но да нај­де­ме си­ли ка­ко да про­функ­ци­о­ни­ра кошарката. Мо­ра да има­ме ви­со­ка са­мо­од­го­вор­ност и че­сти те­сти­ра­ња, оти без нив сме­там де­ка не мо­же да се функ­ци­о­ни­ра – ве­ли Ко­чов. 
 
Г.И.