Британската влада го преживеа обидот на конзервативните пратеници, наклонети на ЕУ, да ја смени својата трговска стратегија по Брегзит.
Пратениците бараа Британија да се приклучи на царинската унија, ако не постигне договор за слободна трговија со ЕУ.
За ставот на британската влада, која тврди дека членството во царинската унија ќе спречи да се постигнат меѓународни трговски договори, гласаа 307 пратеници, додека 301 пратеник беше против.