Новите санкции на ЕУ кон Русија се намерен непријателски чекор, во кој нема логика, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– На наше огромно жалење, ова е намерен непријателски чекор против Русија – истакна Песков, додавајќи дека Советот на ЕУ ги нарушил односите со Русија со донесувањето на таа одлука, јави ТАСС.
Според него, тажна страна на тоа прашање е што не се гледа никаква логика во таквата одлука.