Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево одржаа состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите.
– По покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е почнат и дека во наредниот период претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите што настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија по што тие ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следуваат дополнителни работни средби – се наведува во владиното соопштение.
Во него се нагласува и дека заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот за здравјето на граѓаните, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста ‘прослави и свадби’, која е меѓу најпогодените.