Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација организирана од страна Мрежата за заштита од дискриминација.
– Борбата против дискриминацијаата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата. Како одговорна Влада, а во интерес на граѓаните, сметаме дека ден поскоро Законот за спечување и заштита од дискрининација треба да биде донесен, во една демократска процедура согласно деловничките одредби во Законодавниот дом – истакна Шахпаска.
Таа посочи дека ова законско решение има силна поддршка од меѓународните институции, Венециската комисија, 70 невладини институции од нашата држава, што е уште една голема потврда за неговото влегување во сила.
– Законот е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација, но пред сè и изборот на едно професионално независно тело, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која ќе ја сочинуваат лица со професионално искуство од сферата на човекови права – рече Шахпаска.
Министерката порача дека покрај зајакнувањето на механизмите за заштита од дикриминација, донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација е уште една потврда дека земјава има јасни аспирации и воедно испраќа јасен политички сигнал дека е кредибилен партнер во преговорите со Европската унија, кои официјално стартуваат во декември со првата меѓувладина седница.