Околу 1.500 луѓе се вклучија денеска во демонстрациите во Хелсинки за заштита на човековите права и правата на сексуалните малцинства, на демократијата и екологија пред утрешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Демонстрантите минувајќи низ центарот на главен град на Финска, извикуваа „Човекови права за сите” и „Хелсинки го повикува Путин, Хелсинки го повикува Трамп”.
Еден од учесниците носеше транспарент со напис „Направете сауни, а не војни”.
Организаторите на „ Хелсинки повикува“ велат дека протестите не се насочени директно против шефовите на државите на САД и Русија, но имаат за цел да привлечат внимание кон клучните глобални прашања.