Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе донираат специјално возило „пајак“ на Охрид и Штип.
Донацијата за општина Охрид се состои од специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес, произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година.
Донацијата за општина Штип ќе биде наменета за Јавното претпријатие за одржување на улици и патишта и други комунално-услужни дејности „СТИПИОН 2011“ Штип и се состои од специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Ивеко Отојол произведено во 1996 година.
Донацијата за двете општини е усвоена од страна на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ и за да биде финализирана треба да биде потврдена од страна на Советот на Град Скопје. Таа ќе биде на дневниот ред на наредната седница.