Од појавата на коронавирусот во земјава, покрај останатите мерки на микро план, ЈКП „Комуналец“ врши континуирана дезинфекција на градските улици. Во периодот кога беше многу топло, кичевските улици се дезинфикуваа и два пати на ден, а оваа операција се одвива и денес, кога во деновите од понеделник до петок се врши дезинфекција на сите градски сообраќајници, со акцент на најфреквентните улици и на оние сообраќајници на кои има и најголема концентрација на луѓе, во потесното градско подрачје.
– Нашето претпријатие од почетокот на пандемијата е во континуирана акција на дезинфекција на градските улици, кои во текот на летниот период се дезинфикуваа два пати дневно, а денес оваа операција се изведува пет дена во неделата, од понеделник до петок, со ратвор натриум хидрохлорид. Улиците ќе ги дезинфикуваме се додека постои било каква закана од ковид-19, а тоа го дозволува и временската состојба без врнежи од дожд или евентуално снег – рече Зенел Јонузи , директор на ЈКП„ Комуналец“. З.А.