Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во гостување на ТВ Сител изјави дека Владата ѝ подава рака на опозицијата за соработка на патот кон Европската Унија. Тој најави и засилување на тимот за евроинтеграции.
– Ќе има рестартирање и скок во СЕП. Би ги повикал сите граѓани со образование и искуство во областа на евроинтеграциите, да се мобилизираме и да застанеме заедно. Јас ќе направам сé, за целиот потенцијал да биде вклучен во тим што ќе турка сериозно напред. Пред нас имаме златна шанса, европското законодавство и стандарди да ги донесеме дома, и на хартија и во реалноста. За фондовите, немаме луксуз да бидеме бавни за да ги стигнеме Европа и европскиот стандард. Наскоро ќе излезам со пресек за тоа каде сме сега и каде сакаме да одиме. Ние како Влада ќе ѝ подадеме рака на опозицијата, зашто имаме златна шанса пред нас – порача Димитров.