Научно-фантастичниот трилер „Тенет“, најскапиот филм на Кристофер Нолан, заработи околу 146,2 милиони американски долари со премиерното прикажување во САД, Кина и Русија и во вториот викенд во повеќето делови од Европа, Азија и во Австралија. Тоа не се добри вести за Кристофер Нолан и за неговиот најскап филм досега, со пријавен буџет од 200 милиони долари.
Според филмското студио „Ворнер Брос“ тоа е само резултат на пандемијата на коронавирус. „Ворнер брос“ објави дека продажбата на билети е во рамките на очекувањата, имајќи ги предвид околностите.
– Резултатите од премиерата на филм за време на пандемија не можат со ништо да се споредат. Ние сме сега на непозната територија, така што какви било споредби со состојбата пред ковид-19 би биле неосновани – се вели во соопштението на филмското студио.