Трајанов предлага затворска казна за злоупотреба на власта и влијание при вработување

Нада Рашета Доневски: Какво ни е судството, додека докажеш „влијание“, ќе поминат годините.


Се покачува старосната граница за заминување во пензија?

Јован Јана Костадиноски: Ова е да работиш и да не си дочекаш старост за да си трошиш од пензијата. Срамотилаци живи! Наместо да ја намалат старосната граница, тие ја покачуваат. Ај ќе работиме ние до 80 години и ќе умреме. Важно да не ја земеме пензијата и да остане некој денар за Владата. Лесно е така на фотелја, јас така ќе седам и до 90 години ако треба. А младите што ќе треба да работата тука?! Да одат во странство или да шетаат по улици пијани и дрогирани, да крадат оти ќе нема што да прават додека ние ќе им ги држиме местата и ќе работиме и за нив?!


Откриени сто диви приклучоци за вода

Марко Симоноски: Сто дена пријавен дефект на уличен вентил. Сто дена господата од Водовод не го поправаат. Малку течела вода. Не се гледа течењето од вентилот…


Кабастиот отпад се подига и од дома

Павлина Георгиева: Цената за сите видови услуги е превисока и со нашиот стандард тешко е да се прифати. Затоа и понатаму улиците ќе бидат депонии.


Средношколци од Струмица на протест побараа да се вратат на училиште

Енис Ибраим: Човек да не верува дека на децава толку им се оди на училиште! А кога беше сѐ нормално не можеа да ги соберат од двор. И од бегање од часови.