До 13 часот на парламентарните избори во Црна Гора гласале 54,1 отсто од гласачите.
За споредба, на изборите во 2016 година до 13 часот гласале 39,9 отсто, а во 2012 година излезноста до 13 часот била 33,3 отсто.
Во Црна Гора денеска се одржуваат 11. избори од воведувањето плурализам и петти од прогласувањето независност.
Како што јавуваат црногорските медиуми, од утринава во 7 часот, кога биле отворени гласачките места, пред нив има долги редици.
Избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот. Право на глас имаат 540.026 граѓани.