Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека одлуката да се вратат сите златни резерви во земјата била стратешки исправна.
– Браво за Националната банка и владата. Пред три месеци им дадов задача да се вратат во земјата сите девизни и златни резерви. Во земјата е вратено цело злато, до последен грам – рекол Лукашенко.
Тој истакнал дека земјата има доволно резерви да го одржи курсот на националната валута на прифатливо ниво.
Според податоците на Националната банка на Белорусија, на почетокот на оваа година, златните резерви на земјата изнесувале 42,2 тони. На 1 јануари вкупните златни и девизни резерви изнесувале 9,39 милијарди долари, а на 1 август 8,86 милијарди.