Книгата „Чудата на Пресвета Богородица“ од Јоаким Крчовски е меѓу најчитаните книги не само во Македонија туку и пошироко. Особено е значајно што оваа книга излегла токму на македонски народен јазик, на 23 мај 1817 година. Објавена е во Будим, со поддршка на македонските трговци, кои биле особено горди на неа. Книгата ќе доживее пет изданија во текот на 19 век, а ќе биде препишувана и рачно
Корона-кризата можеби ќе ги намали масовните собори за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, или кај народот познат како Голема Богородица, но нема да ја промени традицијата и да го намали значењето на овој празник. Православните верници и овој петок ќе ѝ се поклонат на Мајката Божја, која меѓу Македонците ужива големо почитување и огромна верба во нејзините чуда.
Пандемијата на ковид-19, која ги зафати светот и Македонија, ќе биде дополнителна причина православните верници своите молитви кон Пресвета Богородица оваа година да ги упатат токму за надежта за што поскоро надминување на оваа ситуација.
Речиси а нема град или населено место во кое нема барем по една црква посветена на Пресвета Богородица, во која православните верници ќе се соберат за да запалат свеќа и да се помолат за во Македонија да се врати животот од пред корона-кризата.
Македонскиот православен народ верува во чудата на Пресвета Богородица и затоа нејзе ѝ се моли за ново чудо. За Богородица има многу преданија, кои зборуваат за нејзините чуда, вклучувајќи ги и чудата во Македонија, поврзани со храмот во центарот на Скопје, за кои скопјани и денес зборуваат.
Има еден податок што вели дека во 19 век една од најпродаваните и најчитани книги во Европа била токму книгата „Чудата на Пресвета Богородица“ од Јоаким Крчовски, печатена тогаш на народен јазик што го зборувале Македонците во овие краишта.
Според професорот Димитар Пандев, „Чудата на Пресвета Богородица“ е најчитаната книга не само во Македонија туку и пошироко во 19 век, особено меѓу тогашното словенско население.
– Особено е значајно што оваа книга излегла токму на македонски народен јазик. Објавена е во Будим, со поддршка на македонските трговци, кои биле особено горди на оваа книга. Еден од нив со воодушевување ја чекал книгата да излезе од печатницата во Будим и направил свој запис за тоа, со кој го одбележал точниот датум на излегување на книгата, а тоа е 23 мај 1817 година. Оваа книга ќе доживее пет изданија во текот на 19 век, а ќе биде препишувана и рачно. Всушност, оваа книга е антологија на чудата на Пресвета Богородица, а кога велам антологија го имам предвид и основното значење на овој збор, а тоа е „цветник“, а всушност таа кореспондира и со една италијанска книга, „Фиоре ди вирту“, која буквално се преведува како „Цветник“.
Денес во Македонија речиси нема град или населено место во кое нема барем по една црква посветена на Пресвета Богородица. Попрецизно, секоја осма црква во Македонија е посветена на Пресвета Богородица, а секое петто семејство оваа светителка ја празнува како домашна слава
Двете книги се поврзуваат со една книга што е печатена на грчки јазик во Венеција во 1641 година, „Мартолом сотирија“, чиј претходен дел е исто така објавен од нашиот Јоаким Крчовски. Со тоа можеме да кажеме дека Крчовски можеме да го поставиме во еден широк европски контекст, токму на вкрстувањето на византиската и италијанската книжевност, бидејќи токму преку неа доаѓаат и оние одгласи од шпанската и провансалската книжевност. Од сето тоа Јоаким Крчовски направил една своевидна антологија и ја приспособил кон македонскиот автор – напишал Пандев.
Инаку, во црковниот календар има најмалку пет дена од годината што ѝ се посветени токму на Пресвета Богородица. Тоа е нејзиното Успение, нејзиното Рождество, Воведението во храмот, Покров на Пресвета Богородица, денот кога се слави нејзиното заштитништво, Благовештение или денот за веста за нејзиното зачнување и Собор на Пресвета Богородица. Речиси нема населено место или град во Македонија во кој нема по еден храм посветен на мајката на Исус Христос.
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето.
Секоја осма црква во Македонија ѝ е посветена на Пресвета Богородица, а секое петто семејство оваа светителка ја празнува како домашна слава. Според пресметката на вкупниот број на цркви во државата, околу 235 цркви го носат името на Богородица, а повеќето од нив се посветени на нејзиното Успение, празник што се одбележува токму сега, секоја година на 28 август по новиот календар или 15 август по стариот календар.
Се празнуваат раѓањето и упокојувањето на Богородица
Кај народот постои Голема и Мала Богородица, но како што велат теолозите, таа е една и иста и немаме две Богородици, туку деновите на празнување се посветени на посебни настани. На 28 август се празнува Успението на Пресвета Богородица, додека празникот што го прославуваме на 21 септември се однесува на раѓањето на Пресвета Богородица.