Во попладневните часови на 24 август во скопската полиција било пријавено дека во автобус на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов има починато лице.
Полицијата излегла на местото и било констатирано дека се работи за 59-годишник од кумановското село Биљановце.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.