Таа победи во класите Ц и Б, а беше втора во класите Б и А на „Августовскиот коњички турнир“ и на 1-то коло на Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки
КОЊИЧКИ СПОРТ
Младата Меланија Атанасовска (15) приреди вистинско шоу на „Августовскиот коњички турнир“ и на 1-то коло на Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2020 година, кое во организација на коњичкиот клуб Бравадос се одржа на терените во Волково. Според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија (ФКСМ), на програмата беа четири натпревари во прескокнување пречки (класи А, Б, Ц и Д), со висина на пречките од 0,80 до 1,10 м.
Меланија, со грлата Дон и Калатус, победи во класите Ц и Б, а беше втора во класите Б и А. Меѓу најдобропласираните тројца, по двапати се најдоа Дарио Гроздановски (прв во класа А и трет во класа Б) и Леонида Гроздановска (со трети места во класите Ц и А).
РЕЗУЛТАТИ
Прв натпревар (класа Д), висина на пречки 0,80 м
1. Ветон Курти, грло Колани (клуб Бравадос)
2. Ена Блажеска, грло Нур (Бравадос)
3. Елена Димитриова, грло Прешес (Анималс)
Втор натпревар (класа Ц), висина 0,90 .
1. Меланија Атанасовска, грло Калатус (Процес)
2. Петар Милошевски, грло Колви (Бравадос)
3. Леонида Гроздановска, грло Дон Октавијан (Анималс)
Трет натпревар (класа Б), висина 1.00 м
1. Меланија Атанасовска, грло Дон (Процес)
2. Меланија Атанасовска, грло Калатус (Процес)
3. Дарио Гроздановски грло Парадизо Силвано (Анималс)
Четврти натпревар (класа А), висина 1.10 м
1. Дарио Гроздановски, грло Силвано (Анималс)
2. Меланија Атанасовска, грло Дон (Процес)
3. Леонида Гроздановска, грло Делано Лева (Анималс)