Германските лекари кои пристигнале со авион во Омск за да го пренесат рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, во Берлин на лекување, велат дека тој е доволно добар за да може да лета.
По ова, болницата во Омск му овозможи да го продолжи лекувањето во Германија.
Во изјавата на Фондацијата „Синема фор пис“ се вели дека тврдењата на руските лекари дека не би било безбедно Навални да лета со авион не се точни.
Сопругата на руски опозициски политичар го замоли рускиот претседател Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија, за да му се укаже лекарска помош.
Транспортот на Навални за Берлин би можел да се случи во следните неколку часа.
Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, претходно изјави дека рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, ќе остане во таа установа сè додека не се стабилизира неговата состојба. Тој тврдеше дека му било дијагностицирано метаболичко заболување кое е последица на ниското ниво на шеќерот во крвта. Според него, на облеката и на прстите на Навални (44) биле пронајдени траги од индустриски хемиски супстанции.
Навални се разболе во авион на летот за Москва вчера, откако пиел чај на аеродромот во сибирскиот град Томск, поради што авионот итно морал да слета во градот Омск, каде што политичарот се уште е на интензивна нега и е приклучен на респиратор.