Остатоците од античкиот град Дварка во индиските води отвораат многу прашања на кои нема одговор. Златниот град, кој според најновите истражувања е стар најмалку 10 илјади години, имал развиена инфраструктура и уреден начин на живот.
Меѓу најголемите мистерии во модерното време, многу експерти го вклучуваат потопениот град Дварка во Индија. Населбата на наметнати згради се наоѓа на 36 метри под вода, а првите сериозни научни истражувања датираат од 1979 година. Оттогаш до денес имало контроверзии затоа кој го изградил овој град и зошто тој сега се наоѓа под вода.
Не постои валиден одговор ниту на едно од овие прашања. Имено, научниците прво тврдеа дека Дварка е направена околу 526 година пр. н.е., потоа го поврзуваа со Александар Македонски, неговиот поход во Индија и изградбата на утврдените градови. Со најновата студија, пак, со употреба на методот на јаглерод, откриле дека тој е стар најмалку 10 илјади години.
Дварка значи златен град и, според мислењата на некои индиски истражувачи, лесно може да се поврзе со преданијата што ги пренесува епот „Махабхарата“ и дека градот бил подигнат во чест на хиндуистичкото божество Кришна. Сепак, ни тие немаат одговор на прашањето како овој град, чија најдолга страна е долга дури 8 километри, во тоа време е направен од гранитен камен и како завршил под вода.
Во јануари 2017 година, Одделот за подводна археологија на индискиот истражувачки институт „Сарвеј“ ги пронајде ѕидините на тврдината на овој град. Притоа, откриле дека тие биле направени од ист материјал како и повеќето градби и биле дел од една целина, што ги збунило научниците уште повеќе, бидејќи делови од масивни карпи биле пронајдени неколку километри подалеку. Пронајдени биле и голем број камени скулптури, бронза, накит…
Градот имал правилно уредени згради, улици, плоштади. Оние што веруваат дека ова е градот опишан од „Махабхарата“, сметаат дека допрва и другите делови од градот ќе бидат откриени, кој според традицијата имал 900.000 градби. Кралската палата била направена од бел мермер, украсена со злато, сребро…
Имено, во Индија постојат неколку антички градови со исто име.