Скопје, Куманово и Гостивар во моментов имаат најмногу активни случаи на заразени со коронавирус.
Според последните податоци, во Скопје како активно заразени се водат 949 лица, во Куманово – 302, а во Гостивар – 297.
Зад нив се Штип со 243 активни слуачаи, Тетово -160, Струга-138 и Кичево – 115.
Останатите градови бележат двоцифрени бројки на заразени со коронавирус.
Активно заразени се 2.888 лица на целата територија.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554.