Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2020 година изнесува 5.210, а бројот на ноќевањата изнесува 14.179.
Притоа ДЗС информира дека бројот на туристите во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 95,6 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 94,6 проценти.
Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 88,9 проценти, додека бројот на странските туристи е намален за 97,9 отсто.
– Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 90,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 96,6 проценти. Во периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 71,8 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64,8 проценти, а кај странските има намалување за 74,8 отсто.
Во периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 71,3 процент, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64,1 отсто, а кај странските има намалување за 75,3 проценти – пишува во соопштението на ДЗС.