Вкусен кашест сок од банана и од какао
Доколку барате каков било изговор да се засладите со чоколада, можеби би требало да пробате здрава комбинација на банана и какао. Приготвувањето трае многу кратко, а овој кашест сок совршено ќе ве разлади во овие топли летни денови.
За приготвување ви се потребни: 200 милилитри млеко, една банана, една лажица какао, пет коцки мраз и две лажици овесни снегулки.
Освен што ќе ви ја врати енергијата, овој кашест сок ќе го подобри процесот на варење на храната, како и работата на вашиот кардиоваскуларен систем. Бананите исто така го намалуваат крвниот притисок, богати се со витамин Ц, го потиснуваат чувството на глад, помагаат во борбата против анемијата…
Овесните снегулки ги содржат витамините Е, Б1, Б2 и минералите како цинк, селен, бакар, силициум и манган, и фитоелементи што имаат антиоксидативно дејство. Освен тоа, богати се со калиум, калциум и магнезиум.