Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма.
– Многу сум среќен затоа што успеав си го исполнав ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и се создадат услови, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување, исто како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен. Откако се изборив со инфекцијата на ковид-19 и по низата испитувања и процедури, се востанови дека ги исполнувам условите за дарување на конвалесцентна плазма. Воопшто не се двоумев и веднаш се пријавив за донирање на плазма – рече градоначалникот Георгиевски.
Тој упати и апел до сите лица кои се избориле со ковид-19 да даруваат крв, за да им дадам шанса на оние кои допрва ќе поминуваат низ оваа голгота, полесно да ја пребродат.
– Сакам да порачам дека од големо значење е да сфатат сите кои се излекувале од оваа инфекција дека колку повеќе лица даруваат крв, толку повеќе наши сограѓани ќе можат полесно да се изборат со ковид-19, затоа што крвната плазма на лицата кои биле излекувани има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а се врзува за вирусот на организмот на болниот, го намалува неговото дејство и со тоа ја намалуваи прогресијата на болеста – додаде Георгиевски.
Затоа, ве охрабрувам сите кои што успеавте да се изборите со болеста да донирате крвна плазма, затоа што нема поубаво чувство од тоа да спасите нечиј живот, посочи Георгиевски.