По забава, која се одржала во австрискиот град Филах, на која присуствувале многу познати личности, 80 лица мора да бидат ставени во карантин. Меѓу присутните бил и секретарот за здравство во тој градот, Кристијан Побер.
На забавата дошол еден угостител за кој се покажало дека е заразен со коронавирус. Угостителот на тој начин придонел за создавање на нов кластер на корона во покраината Корушка.
Интересно е што полицијата била повикана, бидејќи на забавата не биле почитувани корона- правилата. Поради стотиците гости на забавата, властите на Филах поставиле станица за тестирање во едно училиште.