Комбинацијата од овошје и зеленчук во зелено издание е совршен избор за сите што сакаат да се ослободат од вишокот килограми за што пократок период.
За нејзиното приготвување е потребна една замрзната банана, една лажица изрендан ѓумбир, половина шолја спанаќ, малку мраз, филџан замрзнати боровинки и две мали лажици мелено ленено семе.
Зошто оваа напивка е толку корисна? Бананите се богати со калиум, антиоксиданти и со растителни влакна, а го подобруваат и варењето на храната. Ленот е исто така богат со влакна, додека боровинките се одлични антиоксиданти. Од друга страна, спанаќот содржи магнезиум и добро влијае на нервниот систем, а го подобрува и расположението. Најпосле, ѓумбирот го намалува апетитот, а го јакне имунитетот.
Се препорачува оваа здрава напивка да се консумира наутро, на празен желудник.