Вчера во 19 часот И.Б.(43) од Кичево во ОВР Кичево, пријавил дека изведувајќи градежни работи во сопствената куќа пронашол две неексплодирани гранати.
– По извршениот увид од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, утврдено е дека се работи за рачни гранати од италијанско потекло од времето на Втората светска војна. Истите се подигнати и предадени на натамошна постапка – рече Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Нивното потекло ни го потврди и пиротехничар од ДЗСкој учествувал во отстранување на овие експлозивни средства.
– Се работи за рачни гранати од италијанско потекло, кои во вторник ќе бидат уништени со останатите минско-експлозивни средства пронајдени во изминатиот период во земјава, на воениот полигон Криволак. Во зависност од пронајдените убојни средства, оваа операција на уништување се врши еднаш или два пати годишно – истакна Драге Попоски пиротехничар од ДЗС Кичево. З.А.