Како да го користиме правилно маслиновото масло
Чување во соодветни услови – Маслиновото масло треба да стои подалеку од топлина, кислород и светлина, бидејќи тие можат да ја загрозат течноста и пред да почнете да ја употребувате. Секогаш треба да водите сметка маслото да биде херметички затворено, во темна амбалажа и на студено место, за да ја спречите оксидацијата и да го потрошите пред рокот на употребата.
Проверете ја етикетата – Задолжително проверете од која жетва е маслото и до кога е гаранцијата. Исто така проверете на налепницата дали е чисто маслиново или помешано со други состојки. За најквалитетно се смета екстра девственото маслиново масло, кое е најмалку рафинирано.
Внимавајте ја јачината на огнот – Обично критична точка за пржење на маслиновото масло е меѓу 160 и 240 степени Целзиусови, зависно од видот. Стандардната температура на готвење е околу 120 степени за пржење во тава, 160 за длабоко пржење и 200 степени за печење на маслиново масло.
Бојата е заблуда – Зелената боја не значи дека маслото е поквалитетно. Професионалните дегустатори дури користат сина чаша при тестирањето на вкусот.