Мандатарот за состав на новата влада во Хрватска, Андреј Пленковиќ најави помал број министерства и намалување на бројот на општините и локалните власти.
Новата влада, според него, ќе има четворица потпретседатели. Двајцата нови потпретседатели се Томо Медведев и Борис Милошевиќ. Според новата структура, ќе има вкупно 16 министерства, што е намалување за четири.
Во план е да се спојат министерствата за правда и администрација, градежништво и државен имот. На Министерството за труд и пензиски систем ќе му се додаде и секторот за социјална политика. Ќе има и ново министерство за туризам и спорт, а во Министерството за економија и одржлив развој ќе биде секторот за енергетика и климатски промени.
Пленковиќ најави дека во новиот мандат планира да го преполови бројот на локалните власти со укинување на позициите заменици-градоначалници, градоначалници и жупани. Тоа се очекува да донесе годишна заштеда од најмалку 13 милиони евра.